Апасиев алармира на полициска хајка против Левица

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев, објави статус на Фејсбук со кој алармира дека има полициска хајка против Левица.

ПОЛИЦИСКА ХАЈКА ПРОТИВ ЛЕВИЦА, е насловот на неговата објава.

„Денес, недела, членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!?

А бе, озбилно мислите дека ќе не уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа“, наведе Апасиев.

Слични содржини