Апасиев до Џафери: Ви ги враќам двојазичните материјали, јас албански не разбирам

од Nikola Popovski

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев денес во процедурално обраќање во Собранието, му се обрати на спикерот Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно им бидат доставени двојазично, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.

-Во текот на април и мај ви доставивме два предлог-закони, едниот за патни трошоци на пратениците, а другиот за плати на уставните судии. Согласно член 137, вие сте должни веднап, а најдоцна во рок од 3 работни деца, да ги доставите до пратениците во писмена или електронска форма, по што започнува законската постапка. Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да им кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик, рече Апасиев.

Слични содржини