Апасиев: Eдна изборна единица нема да има сѐ додека моќта на уценување не премине од ДУИ во Левица

од Nikola Popovski

„Левица има најголем легитимитет да зборува за овој предлог-закон, затоа што во историјата на независна Македонија, сме најоштетени политичари од овој изборен модел, со украдени четири мандати. Според анкета доставена од Парламентарниот институт, дури 2/3 од испитаниците бараат да се воведе една изборна единица (ИЕ). Тоа значи дека волјата на народот не е претставена во овој парламент. Номинално, и СДС се за една ИЕ, и ДПМНЕ се за една ИЕ“, изјави од Собрание лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев.

Обвинува дека од Левица се украдени четири мандати.

-Левица има два мандати, а со една ИЕ ќе имала пет – тоа се украдените мандати. Вие не губите, господа од власта – вие крадете! Нас во 1-ва ИЕ ни требаат 10 илјади гласови за пратеник, а на оној од 6-та ИЕ, од Тетово и Гостивар, Полог, му требаат 6 и пол илјади гласови. Ние влегуваме двајца, кои вкупно имаме 40 илјади гласови, а вие со само 12 илјади гласови. Алијанса влегува со шест пати повеќе мандати од нас, иако има само два пати повеќе гласови, рекол меѓу другото Апасиев.

Слични содржини