Апасиев: На мајтап со Крмов велевме Маричиќ да не го изел Изборниот законик

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека независните листи ќе треба да соберат потписи од 2 отсто од избирачите во општината или Град Скопје за да учествуваат на локалните избори, за Дневникот на Сител изјави дека за ваква опција досега не било разговарано на средбите во Клубот на пратениците.

– Нашата констатација е дека широката коалиција на СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ гоимаат договорено ова зад затворени врати и сакаа по експреснапостапка да го протуркаат низ Собрание. Како пратеник, откако веројатно утре ќебиде седницата, го немам добиено текстот се уште. На мајтап со Крмов велевме Маричиќ да не го изел Изборниот законик па не ни го доставува, не знаеме каде е, до пратенициве не е доставен, вели Апасиев.

На прашањето дали може да се спротистави Левица ваков закон да се усвои, тој вели дека апсолутно и според нивната програма се за намалување на директна, односно непосредна демократија, а не за зголемување.

– Мислам дека тука е најголем стравот на СДСМ, бидејќи овие нови дечки кои се појавуваат како „Зелени“, всушност земаат нивни гласови и ова е блицкригот кои тие им го прават, но мислам дека ова нема да помине без тензии затоа што е „покварена“ процедурата. ОБСЕ велат 6 месеци пред избори да не се чепка Изборен законик. Ова е перверзија која ја прави СДСМ првенствено, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде како колатерална штета, додава тој.

Слични содржини