Апасиев: Не влегуваме во коалиции со никого пред избори

од Берта Китинска

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на денешната прес-конференција истакна дека програмата ќе биде испечатена, но тоа нема да биде пред кампањата.

– Програмата ќе биде испечатена, но не пред кампањата, бидејќи искуството ни кажува дека често ни ги препишуваат проектите. Анкетите, на мое чудење, се оптимистички и покажуваат дека Перо Камиказа влегува во втор круг – рече Апасиев.

Тој спомена дека на анкетите се оптимистички и Перо Камиказа влегува во втор круг.

– Нашиот став е да не влегуваме во коалиции со никого пред избори, а после избори може да се преговара. Меѓутоа тоа е за мнозинство во Советот, каде нашите анкети велат дека советници од Левица  ќе има околу 10тина, што значи дека ќе биде респектабилна бројка. Ние не преговараме со никого, ниту со СДСМ, ниту со ВМРО, ниту со ДУИ или Алијанса, тие веќе си направија коалиции., рече Апасиев.

Слични содржини