Апасиев: Сите ќе ве стреламе!

од Vladimir Zorba

Откако стана јасно дека Левица добива најмалку еден мандат во идниот парламентарен состав, претседателот на оваа партија, Димитар Апасиев, на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека „сите ќе ги стрела“.

„Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“, пишува професорот.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Слични содржини