Тензични протести: Апасиев со јајца ја предводеше толпата која стигна пред вратата на Владата

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден ескалираа тензиите и протестите против францускиот предлог пред зградата на Владата. Први кои што ја турнаа заштитната ограда пред зградата на „Илинденска 2“ беа граѓани и симпатизери на Левица, предводени од лидерот на партијата и пратеник Димитар Апасиев и вториот пратеник на партијата во Собранието, Борислав Крмов.

Демонстрантите фрлаa со камења, јајца, тоалетна хартија, балони со вода и вода кон зградата на Владата, а се слушаа и експлозии од пиротехнички средства.

Оградата беше тргната, по што демонстрантите дојдоа до дворот на Владата, каде што беа попречени од голем полициски кордон, на десетина метри од вратата на институцијата. За среќа, немаше директни судири со полицијата, ниту поголеми инциденти.

Демонстрантите сметаат дека со францускиот предлог се бугаризира Македонија, не се признава македонскиот јазик и историја и бараат од владата да го отфрли.

Од пред Владата, дел од насобраните, предводени токму од раководните лица на Левица, се префрлија пред зградата на Собранието, каде што исто така беше турната заштитната ограда и се фрлаше со јајца.

Слични содржини