Апасиев со реакција на нападите од премиерот: Сирот Мицика

од Љубиша Владимиров
743 прегледи

Претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев објави провокативен статус кој му го посвети на премиерот Христијан Мицкоски. Апасиев напиша дека на денешната седница за претенички прашања, Мицкоски повторно се појавил со напишан состав кој се однесуваше на Левица, но дека ниту еден од пратениците од неговата партија (Левица) не присуствувал да го слушне.

„Сирот МИЦИКА… Си дошол денес пак со напишан состав против Левица (на седницата за претенички прашања), а никој од нашите не го испоштува со присуство у сала. Џабе тапии мафтал. Срцка арогантна самобендисана“, напиша Апасиев.

На денешната собраниска седница, премиерот Мицкоски информираше дека новото партиско седиште на Левица не се состои само од „подрум“ како што велат од Левица. Според него, деловниот простор во Скопје има и приземје, а ја поврза ситуацијата и со судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

„Не ќе да биде само подрум. До каде оди целата работа? На ова место е регистриран локал односно Друштво за угостителство и услуги „Павилион“. Регистрирано е на истото место како и подрумот. Ако ги слушате последните искази од случајот со Палевски и сведочењата, ќе чуете дека тие се среќавале во штабот на Десна кој што бил во објектот Опера Хаус, а објектот е токму овој овде за кој што денеска Левица тврди дека е подрум“, рече Мицкоски.

 

Слични содржини