Апасиев: ВМРО-ДПМНЕ нема лидерство да го укине договорот со Грција, потајно се радуваат што не им се падна нив да го сменат името

од Viktor Jovanov

Лидерот на Левица и универзитетскиот професор Димитар Апасиев во вечерашната дебата на ТВ Алфа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на промената на името се „легнати на брашното“ и дека тие да биле на власт и тие ќе го направеле истото.

-Според моите сознанија, ВМРО-ДПМНЕ се „легнати на брашното“, што се однесува до Преспанскиот договор. Немаат јасен став дали ќе го поништуваат или нема да го поништуваат. Потајно се радуваат дека не им се падна нив да го решаваат спорот со Грција, вели Апасиев.

Според него во време на Груевски никој не се одметнал да направи нешто што не во согласност со политиките на партијата бидејќи пратениците ги „држел“ со меници.

-Во времето на Груевски никој не се одметна да направи такво нешто бидејќи ги држеше пратениците со меници. Оние 8 биле без меници и кажано им е да гласаат. Да беа ВМРО-ДПМНЕ на власт и тие ќе гласаа за промена на името. Сега нема политичко лидерство кај најголемата опозициска партија да се укиние Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Слични содржини