Апасиев за Законот за државјанство: Ќе правиме филибастеринг и можеби ќе колабираме додека зборуваме

од Nikola Popovski

„Мислиме дека доволно државјанства се доделија, доста е. Ова го нема никаде во Европа и овој закон е спротивно на Европската конвенција за државјанства, кој ние како држава сме ја ратификувале и имаме обврска согласно Законот“, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во интервју за ТВ Сител.

Според него, ова е инженеринг меѓу Заев и Села и Гаши.

„Ние сме доведени до ѕид. Ќе правиме филибастеринг со маратонски говори до недоглед и можеби ќе колабираме додека зборуваме“, додава Апасиев за блокирањето на Законот за државјанства.

И ВМРО-ДПМНЕ подготвиле неколку десетици амандмани на измените на законот за државјанство кои како комисиски ќе ги поднесуваат усно со говори на Комисијата за одбрана. Најголем проблем лоцираат во либерализирањето на условите за добивање македонски документи.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се неодговорна коалиција.

Слични содржини