Апел на Италијанец: Заробен сум со мојата мртва сестра која почина од коронавирус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Италијанскиот државјанин Лука Ф. моли некој да му помогне зошто е заробен во стан со сестрата, која пред 24 часа починала од коронавирус.

Неговото видео со молскавична брзина се рашири на социјалните мрежи. Лука на Фејсбук се снимаше во живо како стои покрај креветот каде лежи неговата мртва сестра. Лука тврди дека починала од вирусот и дека има само 47 години.

-Живееме близу Неапол, затворени сме во куќа, Тереза почина вчера – вели Лука на снимката.

Момчето вели дека не смее да ја напушти куќата зошто стравува дека се заразил додека и давал вештачко дишење за да ја оживее. Вели дека им се обратил на властите, ама дека сè уште никој не дошол.

-Чекам некој да појави уште од синоќа. Нема никој. Сестрата е тука, мртва. Не знам што да правам, зборува Лука директно во камера.

Лука повторно се огласи со нова снимка каде вели дека конечно дошле од погребалната служба и го презеле телото на неговата сестра. Рече дека обдукцијата потврдила дека Тереза починала од коронавирус, а и тој бил тестиран, но ги чека резултатите. И властите ја потврдија информацијата.

Слични содржини