Апелација ја одби жалбата на Мијалков: Останува на сила решението за притвор

Жалбата на Сашо Мијалков за „Таргет тврдина“ денес Апелациониот суд од Скопје ја одби како неоснована и уште еднаш го потврди решението за притвор.

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, се вели во соопштението од Апелацискиот суд.

Истата одлука ќе биде објавена целосно на веб страницата на судот, според роковникот утврден со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

За потсетување, Сашо Мијалков ја слушна пресудата за предметот „Таргет тврдина“ на 26. февруари годинава и истата гласеше 12 години затворска казна, поради злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание.

Слични содржини