Апелгрин: Со забраната за настап се погребува македонската музика

од Берта Китинска

Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината, вели Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“ кој на денешниот протест на музичарите пред Влада објасни дека  треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат.

Долгогодишниот изведувач со богата музичка кариера, Џон Илија Апелгрин рече дека голем дел од семејствата се соочуваат со проблем да обезбедат егзистенција.

– Зборуваме за логика на протоколите ќе повторам дозволено е на една маса да седат 6 лица и да јадат од иста салата и тоа да не е проблем, а музичар да свири на виолина во еден ќош е закана, ќе се изразам грубо ова е  идиотски.Како некоја да сака да го утепа овој дел од културата. Сметам дека со овие одлуки се погрбува македонската музика .Не сакаме да правиме драми, но следниот пат ќе дојдеме со децата пред Влада, за да видат кого оставаат гладни, рече Апелгрин.

Музичарите и музичките работници преку Здружението за унапредување на правата на музичарите (ЗУПМ) „Музика сега” побараа од Владата укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели.

Слични содржини