АПИС: Ќе нема прослава на Нова година во нашите клубови

од Vladimir Zorba

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) чиј дел се „Адмирал“, „Астра“, „Апекс“ и „Казино Фламинго Скопје“ соопштија дека во нивните објекти целосно се почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на заразата од Ковид-19, каде заради природата на работата е оневозможено групирање на гости.

„Во однос на реакции во јавноста дека во нашите објекти ќе има прослави за Нова Година, ве известуваме дека согласно одлуката на Владата е забрането организирање на секакви прослави во затворен и отворен простор, вклучувајќи ги и нашите деловни простории“, велат од АПИС.

Дополнително, тие соопштија дека нивните клубови ќе бидат затворени во периодот од 31.12. 2020 година од 22:00 часот, до 01.01.2021 година во 10.00 часот.

Слични содржини