АПЛАУЗ НА ГРОБИШТА ВО СРЕД НОЌ: Гласале за мртвиот градоначалник па отишле на гробот да му ја честитаат победата (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Граѓаните на романскиот град Девеселу го сакаа и почитуваа својот градоначалник Јон Алиман, кој почина од коронавирусот на 17 септември, толку многу што гласаа за него на локалните избори во неделата и покрај неговата смрт, објавија денес локалните медиуми.

Починатиот Алиман (57) доби 1.057 гласови од вкупно 1.600 на гласањето во неделата. По гласањето, насобраните отидоа на гробот на нивниот омилен градоначалник да ја „прослават неговата победа“.

„Отидовме на гробиштата да му честитаме“, рече една локална жена која објави фотографија на Фејсбук од неколку десетици луѓе кои држат запалени свеќи.

Граѓаните на Девеселу на југот на Романија веќе предизвикаа внимание во медиумите поради „војната“ на еден локален жител и командата на американскиот антиракетен штит, која свечено беше инаугурирана во 2016 година.

Стадо од 250 овци на Думитру Блеже стана закана за безбедноста на воената локација затоа што овците паселе трева во близина, поради што редовно се активирал предупредувачкиот аларм.

Пред да го однесе своето стадо на друго место на пасиште, Блежа побара обештетување од 18 000 евра, но во 2018 година судот го одби неговото барање.

Слични содржини