Апостоли на лагата

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Никој не можеше да претпостави дека еден Диме Спасов, во период на непотребно СЈО-интермецо, ќе зададе ваков предизборен удар врз ДПМНЕ.

Пишува: Сашо Ордановски

ordanoski

Сите детали се веќе добро познати, та дури и документирани со протечени безбедносни видеоснимки кои, наместо да му ја олеснат позицијата на Спасов, би требало дефинитивно морално-политички да го погребат. Туѓиот службен џип неовластено го возел вон работното време; во џипот, атрактивна сопартијка, во ситни саати, вон работно време; слупал две-три возила, бркајќи се со оштетени граѓани и полицајци по скопските улици; кога се предал, дали навистина бил пијан, не дознавме, бидејќи побегнал од полицијата пред тоа да може службено да се востанови; патем, го убедил својот возач да дојде и да лаже пред полицијата дека тој, а не Спасов, го возел џипот, наспроти сите сведоци и снимки. Девојчето, уплакано и засрамено поради сите потенцијални швалерски околности, во недостаток на храбриот Диме кој ја дувнал и ја оставил да крвари во рацете на опасните непријатели, признало сѐ.

Ова, накратко, се нарекува катастрофа за пропагандното биро на Фамилијата, во недостаток на интелигенти во ноќната, трета смена на агитпропот. Наместо веднаш, фигуративно, „да му ја скинат главата“ и да му соопштат дека самиот си поднесува оставка, а со тоа да ги сосечат во корен сите дополнителни бруки и срамоти што за власта, на неколку недели пред избори, ги произведе детето-министер – тоа се нарекува стратегија на “cut the losses”, односно правење најдобар изнуден компромис во губитничка ситуација – агитпропот донесува парадоксална, супер-глупер одлука: ќе го браниме Димета до последниот грам штета што можеме да си го нанесеме! Практично, извадија автоматски пиштол и, самите, си ги упукаа двете колена, без репетирање! Диме, велат ингениозниве пропагандисти, бил жртва не на сопствената монументална недокваканост, туку на полициско-криминален заговор на албански терористи, кои работеле за мрачните цели на СДСМ! Јеботе!

Целата колумна можете да ја прочитате тука

Слични содржини