Apple го вклучува Bitcoin во Apple Pay?

од Vladimir Zorba

Гласините велат дека Apple може да вклучи Bitcoin (BTC) во својата услуга Apple Pay.

Од друга страна, минатите гласини за Apple секогаш завршуваа со разочарување.

Се шират гласини дека Apple до одреден степен користи BTC. Поддржувајќи ги гласините, Јутјуберот Crypto Rover го сумираше расположението, велејќи дека ефектите од влијанието ќе го турнат Bitcoin „до Месечината“.

Во минатото имаше многу извештаи кои го поврзуваа Apple со криптовалутите. Можеби највпечатлив пример за ова беше разговорот за додавање на Bitcoin како резервно средство во трезорот пред нешто повеќе од една година.

Извршниот директор на Strike, Џек Малерс, навестува дека работите може да бидат поинакви овој пат. Кон крајот на минатиот месец, Малерс објави твит со видео од рекламната кампања на Apple од 1997 година „Think Different“.

Рекламата вклучува црно-бели снимки од познати историски личности, меѓу кои Алберт Ајнштајн, Махатма Ганди, Томас Едисон и Мохамед Али. Придружниот глас зборува за иноватори кои често се сметаат за луди затоа што тие се луѓето кои ги поттикнуваат промените.

Неколку дена претходно, Малерс, исто така, твитна за претстојната конференција Bitcoin 2022 во Мајами помеѓу 6-ти и 9-ти април.

Четири фотографии го придружуваат твитот. Првaтa е инфографик кој прикажува систем за плаќање со QR-код, потоа изјава од мисијата na Strike, проследена со фотографија од Малерс кој покажува среден прст пред банкомат на Chase, облечен во шапка на Apple во боите на Google, и на крајот промоција на говорот на Малерс на конференцијата.

Според Bloomberg, Apple работи на сопствена технологија за процесор за плаќање, што би довело до помало потпирање од трети партнери.

На долг рок, Apple ќе воведе голем број внатрешни функции за плаќање, вклучувајќи процесирање на плаќање, проценка на кредитен ризик, анализа на измами, проверки на кредити и дополнителни улоги за услуги на клиентите, бидејќи се обидува да го прошири Apple Pay.

Дали може да има простор за Bitcoin, како што навести Малерс во неговите твитови?

Минатата година, извршниот директор на Apple, Тим Кук, ги отфрли гласините. Тој рече дека не ги гледа акциите на Apple како средство за изложување на криптовалутите. Кук исто така рече дека компанијата не планира да „прифаќа криптовалути за нашите производи“, но размислуваат за други работи.

Слични содржини