Apple го врати првото место – кои се другите најскапи брендови во светот?

од Vladimir Zorba

Седум години подоцна, Apple го врати првото место на светската ранг листа на највредните светски брендови, поместувајќид го Amazon, според годишниот извештај на BrandZ за Топ 100 највредни глобални брендови.

Вредноста на брендот Apple годинава е зголемена за 55% и достигна 947,1 милијарди долари.

Google се искачи на второто место, откако вредноста на брендот вртоглаво порасна за 79% до 819,6 милијарди долари.

Во меѓувреме, Amazon, минатогодишниот лидер, успеа да ја зголеми цената на брендот за само 3%, што ја спушти компанијата на третото место на рангирањето со вредност од 705,6 милијарди долари.

Четвртото место на ова рангирање е резервирано за Microsoft (раст од 49% до 611,5 милијарди долари). Петтото е окупирано од кинескиот интернет гигант Tencent и покрај падот на вредноста на брендот за 11% на 214 милијарди долари.

Десетте најскапи брендови во светот вклучуваат и: McDonald’s (+ 27%, 196,5 милијарди долари), Visa (вредноста остана на 191 милијарди долари), Facebook (пад од 18% на 186,4 милијарди долари), Alibaba пад од 29% на $ 170 милијарди) и Louis Vuitton (64% зголемување на 124,3 милијарди долари).

Најбрзо растечки бренд е Cartier, чија вредност порасна за 88% во текот на годината на 10,1 милијарди долари. YouTube ја зголеми својата цена за 83% на 86,2 милијарди долари, а вредноста на брендот Tesla се зголеми за 78% на 75,9 милијарди долари.

Оваа година, 11 нови компании влегоа на рангирањето, вклучувајќи ги Saudi Aramco (веднаш на 16 место со 99,3 милијарди долари), индиската ИТ компанија Infosys (64 место, 33,6 милијарди долари), трговецот на мало Target (90 место, 23,5 милијарди долари) и синџир за брза храна KFC (95-то место, 22,3 милијарди долари). Инвестициската банка Morgan Stanley е рангирана на 100-тото место со вреднување на брендот од 21,2 милијарди долари.

Вкупната вредност на 100-те брендови вклучени во рангирањето се зголеми за 23% во текот на годината и изнесува речиси 8,7 трилиони долари, што е нов рекорд.

Рангирањето на најскапите брендови во светот Brandz Top 100 го составува Kantar од 2006 година. Составувањето на рејтингот ги зема предвид финансиските перформанси на компаниите и повратните информации на повеќе од 4,1 милиони корисници.

Слични содржини