Apple и Amazon заинтересирани за гејмерски гигант?

од Vladimir Zorba

Откако Microsoft го презеде Activision Blizzard и Sony го објави купувањето на Bungie, аналитичарите на пазарот на видео игри почнаа да шпекулираат за следната потенцијална аквизиција меѓу компаниите за игри. Една од оние компании кои се споменуваа како потенцијална цел во последните месеци е Electronic Arts, а според последните информации се чини дека биле чекор поблиску до спојување со NBC Universal.

Наводно, првиот човек на Comcast, Брајан Робертс, бил првиот што му пристапил на извршниот директор на EA, Ендрју Вилсон со идеја да ја поврзе неговата медиумска компанија и легендарниот гејмерски гигант. Разговорите за соработка траеја со недели и, иако се чинеше дека се на добар пат, на крајот не беше постигнат договор. Наводно е заглавено на трошоците за поврзување на компаниите, како и на условите за структурата на новата компанија.

Но, покрај оваа информација за неуспешниот договор меѓу двете компании, во извештајот на IGN се споменува дека EA разговарала со некои други компании за преземањето и споменува големи имиња – Disney, Apple и Amazon. За жал, деталите не се познати, па ни останува само да се запрашаме дали се уште има шанси за преговори, или пак можноста споменатите технолошки гиганти да ја преземат EA и да преземат големи чекори за влез на пазарот на игри.

Портпаролот на EA, Џон Ресебург, коментирајќи ги гласините, рече дека имаат портфолио на фантастични игри, изградени околу моќна интелектуална сопственост развиена од неверојатно талентирани тимови и мрежа од повеќе од половина милијарда играчи, додавајќи: „Гледаме блескава иднина пред нас“.

Слични содржини