Apple и Facebook разговараат за верзија на мобилната апликација без реклами базирана на претплата

од Vladimir Zorba

Сè започна помеѓу 2016 и 2018 година кога Apple му предложи на Facebook да создадат верзија на нивната апликација без реклами, базирана на претплата. Apple би ја собрал стандардната провизија од 15% до 30% во апликацијата преку App Store, но Facebook на крајот ја отфрли идејата, пренесе 9to5mac.

Покрај тоа, Apple наводно сакал и „boosted post“ опцијата во апликацијата Facebook да се смета за купување во апликација и како таква да подлежи на истата провизија.

Сè, случајно или не, доби на интензитет минатата година кога Apple ја објави својата нова функција за транспарентност за следење апликации како дел од iOS 14.5. Функцијата бара апликациите да бараат дозвола од корисниците пред да ги следат корисниците во други апликации.

Откако стапи на сила промената, Facebook (Meta) забележа значителен пад на приходите – а минатиот квартал Meta го објави првиот пад на приходите во историјата на компанијата.

Дека тоа не е случај само со Facebook покажува изјавата на портпаролот на Apple.

„Секој ден се среќаваме и соработуваме со програмери од сите големини за да даваме предлози, да решаваме проблеми и да им помогнеме да продолжат да го развиваат својот бизнис… затоа што веруваме дека правичната имплементација резултира со најдобро корисничко искуство“.

Слични содржини