Apple ја принуди OnePlus да ја презакаже премиерата на 6T

од Vlatko K

Пред неколку дена Apple објави дека на 30 октомври организира медиумски настан во Њујорк, што очекуваме да донесе вести за нови компјутери и таблети со познатата марка. Но, веста ја изненади кинеската компанија OnePlus, која исто така го избра овој датум за промовирање на 6T паметниот телефон во истиот град.

За да избегне директен судир, кој сигурно ќе го лиши уредот од потребното медиумско внимание, OnePlus одлучи да ја префрли премиерата за ден порано и така таа ќе се одржи на 29 октомври.

Слична промена сигурно ќе ги промени плановите на сите кои веќе направиле резервации за патување и престој во Големото јаболко, но компанијата ќе се погрижи за тоа. OnePlus вети да ги покрие дополнителните трошоци на сите кои треба да менуваат летови или хотелски резервации, а освен тоа ќе ги врати во целост парите за билетите на луѓето кои не можат да присуствуваат на новиот датум.

Слични содржини