Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

од Берта Китинска

Италијанските регулатори го казнија Apple со 10 милиони евра (12 милиони долари) за „нефер комерцијални практики“, објави „Бизнис инсајдер“.

Казната беше изречена затоа што Apple рекламираше неколку свои модели на iPhone како водоотпорни до 30 минути и на максимална длабочина од 1 до 4 метри, во зависност од моделот.

Според промотивните материјали, сите модели се водоотпорни – од iPhone 8 до iPhone11.

Сепак, Apple одби да им „обезбеди гарантна помош“ на италијанските потрошувачи кога нивните телефони беа оштетени поради влегување вода во нив.

Италијанскиот орган за конкуренција наведува дека телефоните се отпорни на влага, но ова важи само за контролирани лабораториски услови и не во реалноста.

Apple, кој сега се проценува на 1,98 трилиони долари, одби да ги коментира информациите за казната.

Слични содржини