Apple казнет со два милиони бидејќи продава телефони без полначи

Претставувајќи ја серијата iPhone 12 минатата година, Apple непријатно изненади многу корисници со одлуката да ги отстранат полначите и слушалките од пакувањето. Додека тие го оправдаа тоа со еколошки причини, не е ни чудо што повеќето луѓе не го гледаат ова како оправдан потег, а Бразилците отидоа чекор подалеку.

Бразилската агенција за заштита на потрошувачи во Сао Паоло (Procon-SP) неодамна го казни Apple со 2 милиони долари за недоставување полначи во кутии. Како што наведе таа организација, „Apple учествуваше во лажно рекламирање и продажба на уреди без полначи под нефер услови“.

На крајот на минатата година, Apple навистина објави дека нивните уреди ќе доаѓаат без полнач, меѓутоа, кога од Procon-SP беа прашани дали тоа значи дека телефоните ќе бидат поевтини, тие не добија никаков одговор, пренесува 9to5Mac портал.

Тие исто така го обвинија Apple дека не обезбедува доволно квалитетна поддршка за корисниците „кои имаа проблеми по ажурирањето на софтверот“ и тие тврдат дека американската компанија мора да ги почитува регулативите и законите, како што прават сите други компании.

Слични содржини