Apple ќе произведува и дистрибуира неделно еден милион визири за медицински професионалци

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Apple, Тим Кук објави на Твитер дека компанијата одлучила да произведува и дистрибуира заштитни визири за медицински професионалци.

Како што пренесува The Verge, Apple собрала дизајнери за производот, како и инженери и тимови за пакување и дистрибуција.

Тим Кук ги потврди овие нови информации во видеото на Твитер на кое се гледа еден од визирите.

Apple исто така собра повеќе од 20 милиони заштитни маски и е во комуникација со државните влади за да ги достави таму каде што е потребно.

Зборувајќи за визирите, Кук истакна дека првата испорака веќе била направена минатата недела во болниците Кајзер во долината Санта Клара во САД и дека одговорот од лекарите е позитивен.

„Во пакетите што ги испраќаме има 100 визири и секој се собира за помалку од две минути и може да се прилагоди во целост. Материјалите за производство се набавени во САД и Кина“, додаде Кук.

Apple планира да испорача повеќе од еден милион визири до крајот на оваа недела и по еден милион секоја, се вели во порталот.

Слични содржини