Apple купува по една компанија на секои три, четири недели

од Stefanija Kuzmanovska

Apple купи околу 100 компании во последните шест години, откри првиот човек на технолошкиот гигант, Тим ​​Кук.

Пресметката покажува дека Apple купува по една компанија на секои три или четири недели, рече тој на состанокот на акционери.

Apple неодамна забележа најголем профит во првиот квартал од постоењето на компанијата, бидејќи заработи 111,4 милијарди долари во првиот фискален квартал од 2021 година.

Кук рече дека целта на овие бројни аквизиции е стекнување нови технологии и таленти.

Најголемата аквизиција на Apple во последната деценија беше купувањето на Beats Electronics за три милијарди долари, компанија основана од раперот и продуцент д-р Дре.

Друга вредна набавка е софтверската компанија Shazam, за која беа дадени 400 милиони долари во 2018 година. Сепак, многу почесто Apple купува помали технолошки компании, а потоа ги вметнува нивните иновации во своите производи.

Пример за ова е израелската PrimeSense, компанија чија технологија ја користеше Apple за изработка на FaceID на Apple.

Сепак, v инвестира и во компании кои на прв поглед не се во доменот на нивниот бизнис, како што се возење автомобил без возач, подкасти и слично.

Слични содржини