Apple на чекор до вредност од два трилиони долари

од Vladimir Zorba

Технолошкиот гигант Apple е на чекор да достигне пазарна капитализација од две трилиони (илјади милијарди) долари, откако акциите забележаа пораст од 1,6%, јавува Ројтерс.

Сега една акција на Apple вреди околу 457 долари, откако производителот на iPhone соопшти дека подготвува различни претплатнички пакети за своите дигитални услуги.

Акциите на Apple се само 10 долари поевтини од нивото што е потребно за да може компанијата да достигне пазарна капитализација од две илјади милијарди долари.

Слични содржини