Apple наводно ќе претстави iPhone поскап од моделот Pro Max

од Vladimir Zorba

Иако iPhone Pro Max веќе бара голема сума на пари, се чини дека Apple бара нови начини за уште повеќе да ја зголеми цената на нивните мобилни телефони. Решението за ова е да се пушти iPhone посилен од двата Pro модели, за што размислува технолошкиот гигант од Купертино.

Имено, како што наведува известувачот на Блумберг и долгогодишен аналитичар на Apple, Марк Гурман во својот „Power On“, iPhone Ultra треба да биде најсилниот мобилен телефон на Apple досега и треба да биде поставен над моделите Pro и Pro Max, и во однос на цената и на перформансите.

„Apple разговараше внатрешно за додавање на iPhone од повисоко ниво на врвот на својата линија на паметни телефони. Но, наместо да го преименува Pro Max во „Ultra“, Apple би можел да додаде уште помоќен iPhone над двата Pro модели. Внатрешно, компанијата разговараше да го направи токму тоа во 2024 година“, тврди Гурман.

Аналитичарот на Apple не е точно сигурен какви нови карактеристики ќе донесе iPhone Ultra, но шпекулира дека тоа би можело да биде поголем екран, подобрени камери и уште посилен SoC. Иако порано имаше „гласини“ дека тоа би можело да биде мобилен телефон што се преклопува, Гурман смета дека тоа нема да биде така.

Да потсетиме, Гурман во септември минатата година објави дека Apple ќе воведе нов начин на именување на серијата мобилни телефони iPhone 15. Според неговите тогашни информации, тоа би значело дека претстојните модели на Pro Max ќе станат Ultra. Но, доколку се оствари новата прогноза на Гурман, iPhone Pro Max сè уште ќе постои, но тој повеќе нема да биде предводник на Apple.

Слични содржини