Apple очекува да продаде 45 милиони единици на 6,5-инчниот iPhone

од Vladimir Zorba

Според повеќето проценки, Apple ќе објави три модели на iPhone оваа година, од кои двa ќе бидат со OLED дисплеи, а третиот ќе биде поевтин и со LCD панел.

Според најновите вести, компанијата од Купертино очекува да испорача 45 милиони единици на својот врвен модел со 6,5-инчен OLED екран. Прогнозата за помалиот модел со 5,84-инчен OLED панел е за 25 милиони единици, а најевтината верзија треба да биде испорачана во 30 милиони примероци.

Првичните предвидувања на Apple за испораките на моделот со LCD екранот беа повисоки, но компанијата одлучи да ги ограничи испораките на дисплеј рано, поради проблеми во производството и зголемен интерес за водечкиот модел.

Слични содржини