Apple очекува добра продажба на iPhone 14

од Vladimir Zorba

Новата серија на iPhone пристигнува следниот месец, а Apple очекува да се продава добро и покрај значителниот пад на пазарот на паметни телефони. Според Bloomberg, компанијата побарала од добавувачите да произведат најмалку 90 милиони iPhone 14 оваа година, исто колку што произведоа iPhone 13 минатата година.

Дополнително, се вели дека технолошкиот гигант од Купертино сè уште очекува да произведе вкупно 220 милиони iPhone-и до крајот на 2022 година, положувајќи ги своите надежи на богатата клиентела и „слабата“ конкуренција која се бори со проблеми со снабдувањето.

Според добро упатени извори, Apple е уверен дека ќе ги надмине економските предизвици со кои се соочуваат другите производители на пазарот. Да потсетиме дека глобалниот пазар на паметни телефони падна за девет отсто во вториот квартал, додека за цела година се предвидува пад од дури 3,5 отсто.

Покрај тоа, аналитичарите се убедени дека серијата iPhone 14 би можела добро да се продава, најмногу поради исчезнувањето на премиум уредите од Huawei и презаситеноста на пазарот со различни мобилни телефони со Android.

Бидејќи инфлацијата во светот се зголемува, а ние сме на прагот на економска криза, треба да имаме на ум дека многу работи сè уште се предмет на промена.

Слични содржини