Apple преместува дел од производството од Кина во Виетнам и Индија

од Vladimir Zorba

Откако започна пандемијата на коронавирус која речиси ја парализираше глобалната логистика, западните земји станаа свесни дека треба да почнат да размислуваат за намалување на зависноста од Кина и производите од Далечниот Исток. Истиот проблем се појави во последниве месеци кога Кина повторно влезе во строга блокада што предизвика одложувања и недостиг на пазарите.

Дел од компаниите уште порано почнаа да размислуваат за диверзификација на производството за да ги направат помалку зависни од Кина. Во тоа време, главни предизвици беа „ризичната геополитичка ситуација“, како и трговската војна меѓу Кина и САД, поради која на пр. Huawei, од претендент за првото место на глобалната листа на паметни телефони, испадна од листата на топ 5 производители на мобилни телефони.

Со цел да се избегнат ваквите проблеми во иднина, или да се намалат нивните последици, Apple одлучи да бара нови места за производство на нивните уреди.

Иако дел од производството е веќе префрлено во земјите, повеќето гаџети и уреди кои Apple ги продава низ светот сè уште се произведуваат и склопуваат во Кина, во фабриките Foxconn и Pegatron. Според американските медиуми, Apple неодамна ги информирал своите партнери за намерата да го премести производството во други земји освен Кина, пред се Виетнам и Индија. Таквата транзиција, се разбира, нема да биде ниту брза, ниту лесна бидејќи Кина на Apple, но и на другите компании, му обезбедува голем број евтини и квалитетни работници.

Дел од производството на iPhone веќе се пресели во Индија, а Foxconn отвори фабрики за производство на уреди на Apple и во таа земја. Моментално произведуваат уреди исклучиво за локалниот пазар, но Apple и Foxconn планираат дополнително да го прошират и зголемат производството за да можат производите „made in India“ да се продаваат на глобалниот пазар.

Слични содржини