Apple престанува со продажба на iMac Pro

од Stefanija Kuzmanovska

Корисниците на Apple системот, кои планираа да купат iMac Pro за посериозна работа, ќе треба да се одлучат на тој потег што е можно поскоро. Според веб-страницата 9to5Mac (што Apple го потврди за Engadget), компанијата планира да престане со продажба на уреди iMac Pro. Во моментов, можат да се купат само 10-јадрени конфигурации на Xeon и тие ќе бидат достапни само додека траат залихите.

Apple посочи дека повеќето корисници се претежно задоволни од моделот iMac од 2020 година од горниот сегмент, кој го спроведува SSD како стандард, има понови графички картички, до 128 GB RAM меморија и опција за приказ на нано-текстура што го намалува отсјајот. Компанијата додава дека оние на кои им треба повеќе секогаш можат да купат Mac Pro.

Не е познато дали Apple планира да понуди замена за iMac Pro и кога тоа може да се случи. Apple iMac Pro беше објавен кон крајот на 2017 година, како систем што ќе им служи на корисниците додека чекаат на редизајнираниот Mac Pro. Сепак, иако компанијата го надгради оригиналниот осум-јадрен процесор во 10-јадрен модел, хардверот не беше ажуриран после тоа.

Apple одлучи да посвети поголемо внимание на моделот Mac Pro и iMac Pro остана корисен главно за корисниците на кои им требаше релативно лесно пренослив професионален компјутер, за обработка на фотографии и видеа.

Слични содржини