Apple работи на отклучување на iPhone со маска

од Vladimir Zorba

Американскиот технолошки гигант Apple тестира нов софтвер што ќе им овозможи на корисниците да ги отклучуваат своите iPhone уреди со Apple Watch додека носат маска.

Бета-тестирањето започна оваа недела, а новата функционалност се очекува да биде достапна за корисниците на пролет.

Во моментов, корисниците на Apple мора или да внесат код или да ја отстранат маската за да го отклучат својот iPhone со FaceID. Со новата функционалност, ако носите Apple Watch, Face ID ќе работи на ист начин како и кога немате маска. Треба само да го погледнете телефонот за да го отклучите.

Оваа функционалност ќе им овозможи на корисниците само да ги отклучуваат своите телефони и нема да работи при плаќања, за кои е потребен код. Веќе има слична функционалност која работи на Mac и им овозможува автоматски да се отклучуваат ако го носите вашиот Apple Watch.

Бета-тестовите на Apple обично траат од неколку недели до неколку месеци пред новите функции да бидат понудени на сите корисници, па отклучувањето на iPhone со маска може да се очекува на пролет, пишува CNBC.

Слични содржини