Апсења поради палење на црногорското знаме во Будва

од Nikola Popovski

Три лица се уапсени во Будва за палење на знамето на Црна Гора, јавува Радио-телевизија на Црна Гора.

Уапсени се И.Р. (30) од Плав, Н.Ш. (26) години од Андријевице и М.Ш. (25) од Даниловград, рече Веско Недовиќ, началник на Одделот за генерален криминал во Центарот за безбедност на Будва.

Во изјавата на Недовиќ се додава дека, по налог на државниот обвинител во Котор, гореспоменатите лица се уапсени во 01:30 часот во вторникот, поради основано сомнение дека сториле кривично дело оштетување на угледот на Црна Гора.

Пред неколку дена, на словенечката плажа во Будва, беше запалено црногорско знаме, кое се наоѓаше на јарболот пред барот „Тајм аут“.

Слични содржини