„Апсењето на Навални и судирите со демонстрантите се целосно неприфатливи“

од Nikola Popovski

Министрите за надворешни работи на ЕУ ја осудија бруталноста што ја покажа полицијата во Русија при растурањето на демонстрациите организирани за поддршка на опозиционерот Алексеј Навални.

Министрите на ЕУ на состанокот во Брисел повикаа на ослободување на Навални и демонстрантите од притвор.

„Министрите сметаат дека апсењето на Навални и конфронтацијата со демонстрантите се целосно неприфатливи. Тие ги осудија масовните апсења и полициската бруталност за време на викендот“, рече министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел.

Тој наведува дека на состанокот на Советот на ЕУ немало предлози или одлуки за можни реакции на ЕУ за последните настани во Русија, но дека тој постојано работи на политичко разгледување на ситуацијата.

Борел најави дека ќе ја посети Москва во првата недела од февруари, на покана на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Тој оцени дека тоа ќе биде добра можност да се пренесат важни пораки за правата и слободите, но и да се разговара за стратешките меѓусебни односи.

Слични содржини