Ар Кели прогласен за виновен за рекетирање и сексуална експлоатација

од Vladimir Zorba

Американската музичка sвезда Ар Кели е осудена за рекетирање и сексуална експлоатација. Се соочува со затвор до децении.

Федералното жири во Њујорк ја осуди американска музичка sвезда, а во овој федерален случај во Источниот округ во Њујорк, пејачот беше соочен со девет точки.

Едниот се однесуваше на рекетирање со 14 основни дела, кои вклучуваа сексуална експлоатација на малолетно лице, киднапирање, поткуп и сексуална експлоатација, како и осум дополнителни обвиненија за кршење на законот за трговија со луѓе.

Жирито, составено од седум мажи и пет жени, ја започна дискусијата во петокот попладне.

Ар Кели може да биде осуден на неколку децении затвор за време на изрекувањето на казната закажана за 4 мај, пренесува Си -ен -ен.

Пресудата беше донесена 13 години откако Роберт Силвестер Кели, попознат како Ар Кели, беше ослободен од обвиненијата за детска порнографија на судењето во сојузната држава Илиноис.

Адвокатот на Кели рече дека размислуваат да поднесат жалба и дека се разочарани од пресудата.

Слични содржини