Арачиновец нападнал вработен на бензиска

од Nikola Popovski

Инцидент на бензиска пумпа откако жител на Арачиново сакал физички да се пресмета со вработен на пумпата, информираат од МВР.

-На 01.06.2022 во 02.10 часот во СВР Скопје, М.М.(32) од с.Ајватовци, општина Илинден, пријавил дека на работното место на бензиска пумпа во с.Кадино, општина Илинден, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ж.Ј.(41) од општина Арачиново, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден имаше долги колони и гужви пред повеќе бензиски пумпи во Скопје и регионот поради големото поскапување на горивата, кое стапи на сила од синоќа.

Слични содржини