„Арачиново, нема кантонизација, има канализација!“

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на својот Фејсбук профил сподели фотографии од почетокот на изградбата на канализационата мрежа во Арачиново.

„Арачиново, нема кантонизација, има канализација!“, пишува експремиерот. Ова беше еден од најголемите проблеми на жителите на селото и на нивно барање се започна со реализација на инфраструктурниот проект.

Ако дозволат временските услови, изградбата на канализацијата во Арачиново ќе се заврши во оптимален рок, истакна пред неколку дена министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Слични содржини