Арбен Таравари избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Гостивар, Арбан Таравари, е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците, објавија на фејсбук страницата од оваа политичка партија. Одлуката е донесена на денешното партиско Централно собрание.

Инаку, пред почетокот на партиското Централното собрание, Зијадин Села изјави дека неговото повлекување од лидерската позиција во партијата не значи и повлекување од политиката.

Села посочи оти очекува од новиот партиски лидер да продолжи да ја гради Алијанса за Албанците, а партијата да излезе посплотена, посилна и поприсутна на терен.

На денешното Централното собрание, покрај изборот на нов в.д. претседател на Алијансата за Албанците, се очекува да се расправа и за оставката на пратеничката Иљире Даути од функцијата координатор на пратеничката група на АА во Собранието.

Слични содржини