Аргентина слави: 16-годишното чекање на Меси заврши

од Nikola Popovski

Фудбалската репрезентација на Аргентина е шампион на Јужна Америка, бидејќи во финалето на Копа Америка го победи Бразил со 1:0 (1:0).

Единствениот гол на славната „Маракана“ го постигна Анхел ди Марија во 22-та минута по одличната асистенција на најверојатно новиот играч на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол.

Неговиот иден соиграч и левиот бек на Бразил, Ренан Лоди, имаше можност да го пресече тоа додавање, но со несреќна реакција му овозможи на Ди Марија да ја „префрли“ топката над Едерсон во негов стил.

Бразил има причина за жалење, особено Ричардсон. Неговиот гол најпрво беше поништен во 53. минута по очигледен офсајд. Напаѓачот на Евертон славеше иако помошниот судија пред него го крена знаменцето, што го збуни Ричардсон.

Само една минута подоцна тој повторно беше во позиција. Нејмар го пронајде осамениот Ричардсон кој го тестираше Мартинез со удар од страна, но без успех.

Ова е прв континентален трофеј во последните 28 години за Аргентина.

Натпреварот ќе остане запаметен и по тоа што Лионел Меси по 16 години во дресот на „гаучосите“ конечно ја освои првата титула со репрезентацијата.

Слични содржини