Аргентински фудбалер го провоцира талентот на Барселона: „Ти ли си тој лажниот Меси?“

од Nikola Popovski

Агонијата на Барселона, која трае веќе извесно време, продолжи и во средата вечерта во Лисабон, каде Бенфика му нанесе тежок пораз на каталонскиот гигант.

Поразот од 3-0 и фактот дека по две кола нема ниту еден бод или постигнат гол само го нагласија распадот на клубот.

Една од ретките добри работи беше враќањето на Ансу Фати, суперталентиран играч кој се врати по девет месеци и тешка повреда.

Иако има само 18 години, многумина го гледаат како наследник на Лео Меси, чиј дрес го наследи откако Аргентинецот се пресели во ПСЖ.

На крајот од натпреварот во Лисабон, Фати налета на стоперот на Бенфика, Николас Отаменди. Аргентинецот Отаменди воопшто не беше пријатен.

„Ти си тој лажниот Лионел Меси“, му кажа Отаменди на младиот Фати во последните секунди од натпреварот.

Слични содржини