Ариана Гранде во детството била принудена да снима несоодветни сцени? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ариана Гранде стекна голема популарност во серијата „Викториус“, а подоцна започна успешна музичка кариера.

Во серијата „Сем и Кет“ соработуваше со Џенет МекКурди

Џенет неодамна ја објави својата автобиографија „Мило ми е што умре мајка ми“, во која таа направи серија признанија за односот на продукцијата кон младите актерки.

Како што изјавила во книгата, таа била подложена на недолично однесување од Ден Шнајдер, продуцентот на серијата.

Џенет тврди дека Ден викал по неа додека го снимала својот прв бакнеж со Нејтан Крес по седми пат, иако ѝ било непријатно поради тоа.

Бидејќи книгата стана многу популарна, фановите набрзо споделија компилација од сцените на Ариана Гранде, кои дефинитивно се несоодветни за едно девојче.

Џенет понатаму додала дека според наредбата на продуцентот морала да пие алкохол и да биде снимена во костим за капење.

Да потсетиме дека Ден Шнајдер се раздели со Никелодеон во 2018 година, откако беше обвинет за вербална злоупотреба на колегите.

Слични содржини