Ариел Винтер продолжува во посериозни проекти

од desk4

Ариел Винтер која од 11 години беше дел од актерската екипа на серијата „Модерно семејство“, ги коментираше своите чувства по завршување на проектот и желбите за понатамошната кариера.

 

Американската актерка Ариел Винтер глуми од мали нозе, а сите ја паметат по серијата „Модерно семејство“. Со оглед дека е комична серија, Ариел била воодушевена кога добила епизодна улога во серијата „Закон и ред: оддел за жртви“. Таа вели дека е подготвена за уште драми.
– Тоа е нешто на кое сакам во иднина да се посветам. Обожавам комедии, прекрасни се, но сакам да работам нешто поинакво и сметам дека драмата ќе ми пружи поголем предизвик. Комедијата исто е предизвик, но толку долго работев на таков проект, што сметам дека е време да се посветам на нешто сосема поинакво- изјави актерката.
Таа го коментираше и снимањето на последната сезона од серијата која ја прослави.
– Дефинитивно е тажно. Денес го читавме сценариото за последната епизода која ќе ја снимаме на Денот на благодарноста. Дефинитивно сфативме дека крајот е блиску – рече таа и додаде дека е сконцентрирана на својата кариера а не на крајот на серијата која ја снимаше 10 години.

Слични содржини