Арифи: Судството застанува на свои нозе, имаме многу важни пресуди кои се за поздравување

од Берта Китинска

Многу е важно министрите, премиерот да се дистанцираат од судството и да му овозможат простор за работа. Кај нас ова долго време не функционираше како што треба, па дури и самото судство имаше дилеми дали е власт или не, вели универзитетската професорка Беса Арифи во гостувањето на Утрински брифинг.

-Тоа треба да се поздрави бидејќи до сега тоа не беше така. На директен или на индиректен начин до сега се знаеше кој како интервенира, па дури и слушнавме зво незаконско прислушуваните материјали за тоа. Многу е важно министрите, премиерот да се дистанцираат од судството и да му овозможат простор за работа. Кај нас ова долго време не функционираше како што треба, па дури и самото судство имаше дилеми дали е власт или не. Јас мислам дека правилното функционирање на судството се гледа преку нивните пресуди и мислам дека почнуваме да имаме навистина интересни и многу важни пресуди кои се за поздравување. Таква е пресудата за Таргет – Тврдина што беше мајка на сите предмети. Иако во прв степен се дојде до многу достоинствен заклучок и навистина покажува дека судството застанува на свои нозе и може да носи и такви одлуки и пресуди кои имаат важна порака во однос на превенцијата на ваквиот вид на криминал и се праќа порака дека ваквите работи нема да се толерираат, изјави во Арифи.

 

Слични содржини