Аривабене: Роналдо повеќе не е наша грижа

од Vladimir Zorba

Директорот на Јувентус, Маурицио Аривабене зборуваше за Кристијано Роналдо, кој беше во италијанскиот клуб од 2018 до 2021 година и неговата преселба во Манчестер Јунајтед.

Португалецот не е задоволен на „Олд Трафорд“, сакаше да го промени клубот и да го облече дресот на тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите, но немаше клуб кој сакаше да му ја исполни желбата на искусниот напаѓач.

Аривабене ја коментираше моменталната ситуација на Роналдо.

„Се простивме од Роналдо со взаемна почит. Тоа што му се случи во Јунајтед повеќе не е наш проблем. Жал ми е што го гледам во непријатна ситуација за него и за тимот, но тоа веќе не е наш проблем“, изјави Аривабене.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг не го гледа Роналдо како стартен напаѓач, туку го внесува како замена.

Договорот на Португалецот со клубот од „Олд Трафорд“ истекува следното лето.

Манчестер Јунајтед денеска од 17:30 часот го пречекува лидерот во Премиер лигата, Арсенал.

Слични содржини