Арјанит Хоџа во посета на прозиводителите на јаболка во Ресен

Во рамки на својата посета во Ресен на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, тој уште еднаш потенцираше дека откупот на јаболката тече непречено.

Имено, и оние кои ги произведуваат јаболката изразуваат задоволство, пренесе министерот на својот фесбук профил каде информираше за средбата

„При денешната посета на ресенскиот регион се уверив директно од терен, дека откупот на јаболката тече непречено. Јаболкопроизводителите се задоволни од реколтата и од откупната цена. Преспанските сорти на јаболка се со висок квалитет и се барани на странските пазари. Складирањето во ладилници, придонесува за долготрајно зачувување на нивниот квалитет. Денес во ресенскиот регион, посетив пет современи откупно дистрибутивни центри: Витарес, Деалтаск, Нектар Трејд, Епл Ленд и Суна Стар. Некој од нив се корисници на средства од ИПАРД програмата.
Секаде владее задоволство од остварените годинешни резултати. На сите им посакувам уште поуспешна реколта следната година.“

 

Слични содржини