АРМ ќе учествува во НАТО мисии во Ирак и Летонија

од Nikola Popovski

Владата, на денешната седница, донесе и одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО мисијата во Ирак – „NATO Mission Iraq – NMI“, како и одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence – eFP) во Република Летонија.

Со измените на Законот за одбрана, ќе има две различни процедури при носење одлуки за мисиите во кои ќе учествуваат припадниците на Армијата и одбрaната. За учество на земјата во операциите на НАТО, Собранието и Владата и натаму ќе соработуват, но формално одлуката ја носи Владата.

Слични содржини