АРМ: Се оградуваме од ставовите на наши припадници околу Украина

од Nikola Popovski

Толкувањата и ставовите кои се искажуваат од сегашни и поранешни наши припадници во врска со актуелната безбедносна ситуација во Украина, не кореспондираат со официјалните ставови на Генералштабот, кој како највисоко тело во Армијата на земја членка на НАТО официјално стои зад ставовите и одлуките на државните институции кои се надлежни за донесување одлуки по ова прашање, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата на Македонија.

Од ГШ на АРМ појаснуваат дека согласно законските надлежности и хиерархиската поставеност на државните институции во системот на одбраната, како највисоко стручно тело во состав на Министерството за одбрана, имаат обврска за организирање, подготвување и командување со Армијата, врз основа на одлуките од страна на надлежните државни институции за системот на одбраната.

– Согласно важечките законски и подзаконски акти, прописи и правила во Армијата е регулирано кој и на каков начин ги искажува официјалните ставови на Генералштабот, кои како полноправна членка на НАТО доследно ги применуваме.

Слични содржини