Армијата ќе стави во функција 12 лекари и 20 медицински сестри во интерните клиники

Воено медицинскиот персонал ќе ангажира 12 лекари и 20 медицински сестри, кои ќе се вклучат во интерните клиники да помогнат во битката против Ковид 19.

Министерството за здравство соопшти дека оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка имајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти.

Екипите кои се дел од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.

Инаку, по прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата.

Исто така, изминатата недела, Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и пет амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот, се вели во соопштението.

Слични содржини