Армијата на САД разработува воени варијанти за реакција по евентуален хемиски напад во Сирија

од desk4

  Армијата во САД води „рутински дијалог“ со претседателот Доналд Трамп за воени варијанти на реакција ако Сирија преземе акции со хемиско оружје во провинцијата Идлиб.

Шефот на ГШ во армијата на САД, Џозеф Данфорд изјави дека САД не донеле одлука да користат воена сила како одговор на хемиски напад во Сирија.

– Водиме дијалог, рутински дијалог со претседателот, за да се увериме дека тој знае какви се нашите планови во случај да биде употребено хемиско оружје, изјави Данфорд.

– Трамп очекува од нас да имаме воени варијанти и го информиравме како се развиваат нашите планови, додаде генералот.

Слични содржини