Арнаудова: Арсовска нема сенс за хуманост, не го поддржа редовниот летен камп за деца во социјален ризик

од Nikola Popovski

Пејачката Кристина Арнаудова информира дека бесплатениот летен камп за деца во социјален ризик, кој беше проект воведен од претходниот градоначалник Петре Шилегов, годинава за првпат не е поддржан од Град Скопје.

-Оддржувањето на редовниот проект, Шарено лето, кој постои од 2017 година, и каде стотици деца го доживеаа својот прв летен одмор, за прв пат е неизвесно. Можам само да кажам дека ќе дадам се од себе да се одржи овој камп, а на оние кои избришале ваков хуман и потребен проект нека им служи на чест. Мандатите поминуваат, а ние остануваме, посочи пејачката.

Според неа, градоначалничката е токму онаква каква што очекувавме.

-Политичка фигура која нема сенс за хуманост и вакви проекти. Ќе бидат ова долги три и пол години. Јас само би и препорачала да не меша политика во хуманитарни проекти кои се потребни на овој напатен народ и многу деца…., објави Арнаудова.

Пејачката испрати апел секој кој сака да спонзорира летен одмор за едно дете може да ја контактира.

Слични содржини